речник контакт

Кујната во хотелот каде ручале фудбалерите на ФК Пелистер е затворена

Од Санитарно - здравствениот инспекторат најавија дека во текот на денешниот ден, треба да ги добијат резултатите, по што ќе кажат што била причината за труењето

Петар Печков

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека по саботното труење на 12 фудбалери на ФК Пелистер  презеле мерки за расчистување на случајот а како прва е затворање на кујната од објектот. Заедно со стручни лица од Центарот за Јавно здравје Велес и од Санитарно - здравстениот иснпекторат извршена била вонредна  инспекциска контролан на угостителскиот објект, за кој прецизираат дека станува збор за хотел.

Земени се мостри од храната која се послужувала  како и брисеви од работните површини, апаратите и вработените во кујната.  Од страна на инспекциските служби на Агенцијата, кујната на хотелот е времено затворена. Наложени се мерки за механичко чистење и комплетна дезинфекција на просторот и приборот кој се користи во неа, извршување на вонредна дезинсекција и дератизација, како и на вршење на вонредни санитарно - хигиенски прегледи на вработените лица во кујната.  По спроведувањето на наложените мерки, инспекциските служби ќе извршат дополнителна контрола и повторно ќе земат брисеви. Кујната ќе биде пуштена во употреба по добивање на задоволителен лабораториски наод со кој ќе биде потврдена безбедноста - пишува во писмената информација од Агенцијата за храна и ветерина. 

Од   Санитарно - здравствениот инспекторат најавија дека во текот на денешниот ден,  треба да ги добијат резултатите, кој се изведуваат во  лабораторијата  на  Центарот за јавно здравје Велес, по што ќе кажат што била причината за труењето. Фудбалерите на битолскиот прволигаш Пелистер на пропатување во саботата ручале во Велес во 12 часот а веќе во 12,30 се јавиле првите симптоми. Од 20 члената група 12 лица се пожалиле на повраќање и стомачни тегоби, па беа задржани во инфективното одделение на Општата Болница Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »