речник контакт

Куќата на Каспови се промовира во нов културен простор во Велес

Куќата на Каспови се промовира во нов културен простор во Велес. Народниот музеј од градот во текот на изминатите месеци таму организираше повеќе ликовни изложби со цел да го оживее просторот и објектот, кои се претставници на старата автентична велешка архитектура.

Петар Печков

Куќата на Каспови се промовира во нов културен простор во Велес. Народниот музеј од градот во текот на изминатите месеци таму организираше повеќе ликовни изложби со цел да го оживее просторот и објектот, кои се претставници на старата автентична велешка архитектура.

- Целта на овие активности е таа да има континуирано само-одржување и развој на дополнителна културна дејност. Жално но вистинито е што поголем број на велешани не знаат каде е куќата на Касапови. Тоа се покажа на двете изложби кои неодамна таму се одржаа. Токму затоа сакаме таа да се отвори кон посетителите и авторите – вели Спасе Перовски директор на Народниот музеј од Велес. Плановите за нејзина ревитализација се таму да престојуваат различни профили на културни уметници, ликовни, драмски, музичари. Тие би твореле преку целата година нивни дела, бидејќи има услови за изработка на ситна пластика, сликарски и графички дела или визуелна уметност. За реализација на овој културен проект стигнала и неопходната подршка од локалната власт на општина Велес и  Министерството за култура.

\"\"

- Градот располага со повеќе објекти кои засега немаат намена и се празни, тоа се однесува на куќите на Касапови и Џинот, додека тие на Кочо Рацин и Васил Главинов се со поставка и во нив се одржуваат различни настани, промоции на книги, литературни читања, изложби. Преку содржините кои се планирани куќата на Касапови би се самодржувала и нема да има потреба од додатни финансии за неа – објаснува Перовски.  Како следен чекор е веќе извесната реализација, која колеционерот Кондев за Дневник ја најави лани во август, дека на градот ќе му ја подари дел од неговата богата збирка.

\"\"

- За неколку месеци оваа куќа ќе биде дом на уметноста. Добар дел од мојата колекција ќе биде сместен во куќата на Касапови. Мојот предлог од минатата година општината го прифати, што е за поздравување. Оставам да формирате група која ќе селектира што сакате тука да изложите како трајна поставка – вели колекционерот Тихомир Кондев. Во неговата колекција има реномирани ликовни уметници од првата и средната генерација македонски сликари и скулптори, како Личеноски, Кондовски, Велков, Мазев, Чемерски, Ташковски, Митриќески, Хаџи-Бошков, Дада кои по некој месец ќе се најдат во куќата на Касапови и пред велешани. Таа е позната како „куќата што лебди“ бидејќи е изградена на камен и од камен, доминира над стариот дел на Велес а  од нејзиниот чардак  се пружа одличен поглед кон реката Вардар. Таа е типичен пример на старата велешка архитектура. Изградена е кон крајот на 19-тиот век со значајна внатрешна опременост, што говори дека  сопственикот бил имотен. Посебно се впечатиливо и раскошно обработени таваните, чија автентичност со реновирањето е сочувана. За нејзина обнова од странските фондови општината потроши 4 милиони денари. Во нејзина близина, во старото градско јадро се куќите на преродбениците Главинов и на Џинот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »