речник контакт

Куќата на Тапанареви, заштитена од државата, ја уништи поројниот дожд

Куќата беше напуштена и празна повеќе години а поради нејзината архитектура беше заштитена со закон

Петар Печков

Денес околу пладне, се сруши дел од куќа, во стариот дел на градот. Таа е на улица Климент Охридски бр.1,  близу до училиштето Св. Кирил и Методиј. Во јавноста позната како куќата на Тапанареви, беше напуштена и празна повеќе години а поради нејзината архитектура беше заштитена со закон.

Ова е куќата на Тапанареви, во неа не живеше никој со години. Поројниот дожд влијаеше со влагата да се сруши еден дел.  Беше оставена на  забот на времето. Добро е што никој не настрада кога падна. Жално е што во слична состојба се и други неколку куќи во ова маало - рече жител на овој дел од Велес.   

Од  обемните врнежи падна куќата на Тапанареви, во стариот дел на градот, заштитена  од државата, поради нејзината архитектура. Во листата на споменици на културата за град Велес, прогласени од државата, која  ја има и ТрМр е заведена под бр.4-831-03/44.

Лани во пожар до темел, изгореа две куќи од старото градско јадро кај Варналиите а пред неколку години и куќата на Габерови во месноста Дворови. Управата за заштита на културното наследство,  за овој период ништо не стори за нивна обнова.

фото архива на ТрМр

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »