Петар Печков
Објавено: сабота, 23 декември 2017
Во центарот на Велес, веднаш до поранешното кино се наоѓа куќата на Весови, попозната како куќата на Шукара. Таа заедно со куќите на Ѓоргови е најубавата на главната градска улица. Типичен пример на старата велешка архитектура. Жолтата боја, која е нејзино обележје откако е изградена и денес го привлекува вниманието на минувачите. Посебно е впечатлива фасадата со елементите кои се нанесени на неа, ја прави единствена. Нејзин сопственик денес е адвокатот Андреја Весов, најмладиот член од познатото велешко адвокатско семејство Весови.
Куќата е изградениот инженер Слонцев од Русија.Таа била порачана од нејзиниот сопственик Александар Ацо Шукар, Тој бил познат велешки трговец, кој се бавел со текстил, со платно. Куќата, планот е нацртна 1929 -та и е градена до 1932/3-та година, кога е завршена. Дрвенарија била обработена пред три година, да се постави. Толку време и требало да се исуши и потоа да се монтираат. Куќата ја купува мојот дедо Андреја 1961-та а другиот кат подоцна некоја година неговиот брат. Мојот дедо бил судија и адвокат. Куќата сите овие години однадвор остана иста. Да се заблагодарам на сегашниот градоначалник, Аце Коцевски кој во 2003-та заедно со другите куќи на главната улица и ја освежи фасада - вели Андреја Весов, помладиот. Значајно е што во куќата, на приземје се наоѓа уште од првиот ден кога е пуштена за користење, дуќанот на Зографски, најстариот трговски објект кој се уште е во функција во Велес. И тогаш и денес, ја има истата намена и исти сопственици, дуќанот е саатчиски и е на Зографски. За убавината на куќата говори архитект Станка Амбаркова, која ја има изучувано велешката архитектура.
Авторот Солноцнев бил руски мигрант, кој во граѓанската војна во Русија, на почетокот од 20-тите години на минатиот век доаѓа во Велес. Од истражувањата мои ги изведов, тој во Велес изградил седум куќи. Втората е на Ѓоргови. Исто така познато велешкотрговско семејство. Таа е на 50-тина метри од куќата на Шукара. Исто така е жолта со украсни елементи од фабриката на Лефкови. И трета куќа е во близина, кај Градскиот саат, денес е верски објект, но таа има и најмногу промени на фасадата- објаснува Амбаркова.
Tweet |