речник контакт

Куќен притвор за пироманката која сакаше да го запали судот

Оваа мерка и е изречена да не го повтори делото, оти во февруари ја запали и Трафо станицата на ЕВН

Петар Печков

Марија П. ( 46 год)  е во куќен притвор откако полицијата и поднесе кривична пријава за ,,предизвикување на опасност,,  а истражен судија реши да и  ја одреди ова мерка, за да не го повтори делото. Таа во петокот наутро во 8,30 часот  ја полеа влезната врата на Основниот суд во Велес со бензин со намера да ја запали.

Но била спречена во нејзината намера. Иако вратата ја полевала со бензин, вработените од судот кои утрото доаѓале на работа мислеле дека е чистачка која се подготвува да ги пере прозорите, за да биде откриена од судската полиција во последен момент пред да го стори делото.

Таа ова се обидела да го стори и во средата, но била спечена.  Марија П. Од Башино село  одговара кривично за неколку слични дела во Велешкиот суд, откако е во постојана кавга со ЕВН-ЕСМ. Жената смета дека ги плаќа сметките за струја,  компанијата не, па поради што и ја сече струјата. Во тие обиди  на ЕВН, жената има нападнато нивни  вработени, се  обидела да ги исече и запали бандерите, за во февруари и да ја потпали Трафо станицата.

Пред извесно време  на судењето за ова дело било побарано психијатриско вештачење, со кое докторите ќе констатираат дали Марија П. е пресметлива или неурамнотежена личност, по што судот ќе одлучи дали ќе и се суди или ќе оди на лекување.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »