речник контакт

Ламњов дел од составот на циркус операта која имаше премиера во Малме (фото и видео)

Ламњов ги сподели за посетителите на ТрМр впечатоците од премиерата и искуството од работата во циркус операта

Петар Печков

Вчеравечер, сабота, во Малме- Шведска  беше изведена премиерата на  „Циркуски Денови и Ноќи“ во која учествува велешанецот Благој Ламњов. Тој свири на кларинет и е еден од музичари кои настапуваат во претставата, која е спој со циркус. Во неа освен овие музичари, учествуваат и врвни имиња на циркусот од светот. 

Операта на Малме и „Циркус Циркор“ од Стокхолм се продуценти на ова дело. Ламњов свири во претстават заедно со уште шест музичари, кои се на сцената, заедно со циркусантите.

„Искуството  работејќи во оваа продукција е нешто спектакуларно за мене. Да седам неколку метри оддалечен од акробати и циркуски уметници кои прават чуда, кои претходно сум ги гледал само на телевизија е неверојатно искуство. Ова го прифатив како привилегија да уживам во нивните точки гледајќи ги на неколку метра оддалечени од мене, а истовремено и јас да сум дел од таа претстава и да свирам со нив“ - рече Ламњов.

Светска премиера на новата опера на Американскиот композитор Филип Глас,  (Philip Glass) е работена по  либрето од Девид Хенри Хванг (David Henry Hwang),,  а циркус режисер е Тилде Бјрофорс (Tilde Björförs).  Во оваа  спектакуларна циркус-опера,  се оживувајќи ја поезијата на Роберт Лакс  (Robert Lax's) преку интернационален тим на светски акробати и циркуски уметници, оперски пејачи и музичари.

„Режисерката проба да искористи некои од нас што имаме и други таленти .На пример, јас во една  по сцената и жонглирам, а потоа ги фрлам топките и почнувам да свирам со кларинетот, се со цел да се опише дека сме сите ние циркусанти, дури и музичарите. Имаме сцена кај што тројца музичари се спуштаме од осум  метра височина на лулашка седнати и свириме“ - вели Ламњов.

Во продолжение ќе бидат  одиграни  вкупно десет  претстави до 13 Јуни а планирана е турнеја низ  светот во наредните години. Ламњов живее и работи во Шведска, како слободен уметник.  Претходно настапуваше во Градскиот театар на Стокхолм, во мјузиклот  ,,Свирачот на покривот,, а свири и во Операта на Малме и  Филхармонијата во Хелсинборг.

Заедно со симфонискиот ,,Холивуд  Концерт Оркестар,, од САД  има настапувано на концерти  по Кина и Јапонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »