Петар Печков
Објавено: четврток, 05 мај 2022
Во ланската 2021 година ЈКП Дервен извршил изградба на 1.991 м нови водоводни линии, реконструирани се 653 м. а реконструирани и 90 м канализациони линии. Податоците се објавени во годишниот извештај за работа на ЈКП Дервен.
Новите водоводни линии се изведени во Башино село, ул. академик Пенчо Давчев, населба Горно Оризари, населба Превалец, Отовица, ул. Ристо Попов и Васил Иљоски. Новите водоводни цевки се од Ф40 до Ф110.
Реконструирани се и водоводните линии на ул. Богдан Каракостев, Страшо Пинџур, Орце Мартинов, Борис Трајковски, Благој Ѓорев и Благој Јосмов. Лани единствена реконструирана канализациона линија е таа на ул. Богдан Каракостев.
Вработените од РЕ Водовод и канализација учествуваат и во поврзување на линиите во Велес, кои ги работеше Министерството за транспорт и врски. Така реконструирани се канализационите мрежи на ук. Јовче Ќучук, Орце Шутев, Страшо Пинџур и Гоце Делчев. На две од овие улици се поставени и главни водоводни линии на ул. Орце Шутев и Јовче Чучук.
Tweet |