речник контакт

Лани велешани фрлиле помалку опасен и електронски отпад

Во 2021- зголемено е количеството на собран отпад -акумулатори и батерии. Никако да се зголеми свеста за собирање на искористените тонери

Петар Печков

Ако во 2020-тата беа собрани 230 тонери, како опасен отпад, лани се собрани  само 78.  Но очигледно е дека за ваквата акција е потребно поголема ангажираност и популаризација на истата меѓу правните субјекти. Треба да се подига јавната свест за да се собира искористениот тонер.

„Треба да се подига јавната свест за организирано собирање на искористениот тонер, бидејќи фрлен како отпад тој тешко се разградува. Ова посебно се однесува на здравствените институции и амбуланти. Затоа мислам дека локалната власт  треба да пропише одредба со која, институцијата со количината која е набавена, истата подоцна да биде обврзана како искористена  да ја врати на дистрибутерот, кој пак ќе го  предаде на овластен собирач на опасен  отпад. Или можеби да се собира отпадниот тонер од фирмите, како што се собира картонската амбалажа од трговијата во Велес“ - вели сопственикот на фирма која продава тонери.  

За илустрација собраните 230 тонери од 2020-тата, е најмногу од изминатите пет  години   како се собира овој опасен отпад. Претходно количеството се движело  од 197 до 217 парчиња.  Втора година по ред се одвива акцијата за собирање на акумулатори како опасен отпад и биле  собрани 360,  наспроти  270 парчиња од 2020-та. Се собираа и отадни батерии во вкупно количество 90 кг, од нив 66 кг од  ОУ Блаже Конески, 18 кг од Детските градинки и 6 од Основен суд Велес. Ланското количество е поголемо до тоа собрано во 2020-та но помало од рекордните 131 кг во 2019-та година.

Минатата година собрана е електрична и  електронска опрема како отпад, во количина од   2,4 тони, што е далеку помалку од 2020-тата  кога беа собрани  5.571 кг   а в   2019-та имаше 5,8 тони.  Лани најмногу електронски и електричен  отпад е фрлено 31 лап-топи, 19 телевизори, 16 мобилни,  13 клими.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »