речник контакт

Лани во Велес дошле 8.377 туристи

Во 2015-та повеќе гости од 2014-та, ама престојувале помалку. Романците изнеандувачки трети по бројност. Имаме гости од Бразил, Јужна Кореја ..

Петар Печков

Во Велес повеќе доаѓаат странските  туристи отколку домашните. Шпицот на сезоната е во август и септември, кога во четирите хотели во градот се забележани  1.353 односно 1.090 странски туристи.   Домашни туристи најмногу имало во последниот месец од годината, декември. Ова се бројките за госите кои престојувале во Велес.

Најбројни од странските гости се  Србите 1.540 со  2.024 ноќевања, па  Германци   624 со  1.156 ноќевања, изненадувачки трети по број на посетители се Романците    со 571  и 1.016 ноќевања,  па  Грците  со 495 гости  и  793 ноќевања и   Турците  со 494 гости и  857 ноќевања.

 Лани во четирите хотели во Велес престојувале 8.377 гости, од нив  6.421 странски  и домашни 1.956. Остварени се 12.938 ноќевања, странците спиеле 10.383 а домашните 2..555 ноќи.  Или просек  ноќевање е  1,5 ден,   домашни  1,3 дена а  странските  1,6 дена. Меѓу гостите кои го посетиле има 11 Бразилци, 10 Јужно Корејци. 

Споредбено    Велес во 2014-та  го посетиле  6.862 туристи,  кои  оствариле 18.913 ноќевања или во просек 2,7 дена за еден гостин.  Повеќето од туристите во 2014-тата година,  биле странци  5.421 со 18.671 ноќевање или секој од нив.

За текстот се користени податоци на Државниот завод за статистика.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »