речник контакт

Лани во Велес дошле 10.890 туристи, за 11 отсто повеќе од 2016-тата година

Просечно престојувале 1,7 дена. Најмногу туристи имало од Србија а Американците престојувале по 5,5 дена во Велес

Петар Печков

Во 2017-тата година Велес го  посетиле 10.890 туристи, кои оствариле 18.864 ноќевања, или просечно престојувале по 1,7 дена. Повеќето биле странци 8009 со 14.974 ноќевања или 1,9 ден во просек. Домашни биле 2.881 гостин со 3.890 ноќевања или  тие минале 1,35 во просек.  Во однос на 2016-тата во Велес имало 11 отсто повеќе туристи. 

Најбројни биле тие од соседна Србија, на пропатување за Грција кои во Велес престојувале 1,7 дена во просек или ги имало 2299 со 3.817 ноќевања. По нив споpeд бројноста се гостите од Германија 910 со 2.063 ноќевања или 2,3 во просек, па Романците со 667 посетители и 1200 ноќевања што е 1,8 во просек.   

Најмногу во Велес престојувале туристите од САД кои во Велес минувале по 5,5 дена а ги имало 160 лица со 878 ноќевања, повеќето поединци кои учествуваа во изградбата на зградите на Хабитат. Според бројноста се и ловџиите од Грција, дел од  336 туристи од јужниот сосед  кои во Велес престојувале 1,4 дена. И источниот сосед имал туристи кои престојувале по 2,2 дена во Велес а тоа биле 272 гости со 594 ноќевања.   

Интересно е што во градот имало гости и од далечниот Исток, 21 Јужено Кореанец со 95 ноќевања или  4,5 дена биле во Велес, како и 34 Кинези со 97 ноќевања  што е три дена во просек.  Безмалку три дена во Велес лани престојувале и 50-тина туристи од Шпанија а по два дена двеста гости од Полска.

Лани во градот престојувале и 180 Австралијанци, една голема група од 165 туристи, среде лето преноќиле и заминале.   Некогаш многубројните туристи од Турција повеќе не се во врвот, или Велес не им е во агендата.  Најмногу  странски туристи во Велес дошле во јули месец 1.212 лица додека домашни во февруари 360 посетители.  Ова се бројките на Државниот Завод за статистика. 

Во 2016-тата година, според бројките на Државниот завод за статистика во Велес, во  петте хотели престојувале  9.816 гости. Тие оствариле 15.432 ноќевања или во просек секој во Велес бил 1,57 дена.  Странските гости во 2016-тата  биле 6.609 со 10.250 ноќевања или 1,55  во просек, додека домашните двојно помалку 3.207 со 5.182 ноќевања или 1,6 дена.  Најмногу гости имало во месец август 1.601, се разбира повеќето странци  и тоа  1.436. Најмногу домашни гости во Велес имало во ноември 451.   Според бројката на странски гости, најмногу ги има од Србија 1.793, потоа следат Германците со 657

2015-та   во хотелите во Велес престојувале 8.377 гости, од нив  6.421 странски  и домашни 1.956. Остварени се 12.938 ноќевања, странците спиеле 10.383 а домашните 2..555 ноќи.  Или просек  ноќевање е  1,5 ден,   домашни  1,3 дена а  странските  1,6 дена. Најбројни од странските гости се  Србите 1.540 со  2.024 ноќевања, па  Германци   624 со  1.156 ноќевања. Шпицот на сезоната е во август и септември, кога во хотелите во градот се забележани  1.353 односно 1.090 странски туристи.   Домашни туристи најмногу имало во последниот месец од годината, декември.

Во  2014  Велес го посетиле  6.862 туристи,  кои  оствариле 18.913 ноќевања или во просек 2,7 дена за еден гостин.  Повеќето од туристите во 2014-тата година,  биле странци  5.421 со 18.671 ноќевање или секој од нив, во некои од четирите  хотели во градот спиел  по три дена.  Домашни гости лани имало  2.242 со 1.441 ноќевање или секој од нив спиел по 1,5 ден. Според статистичките бројки најмногу туристи имало во август 1.668 од кои странци биле 1.558. Домашни гости имало најмногу во октомври, во времето на Питијадата.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »