Петар Печков
Објавено: среда, 13 март 2024
Во 2023 година во Велес затворени се 110 фирми. Со оваа бројка градот се наоѓа на 10-то место, меѓу градовите од Македонија. Во текот на минатата, 2023 година во државата се затворени 4.330 фирми.
Оваа бројка, сепак е во намалување, особено ако се спореди со 2021 кога биле затворени 6.993 и 2022 година кога престанале да работат 6.857 фирми, објави порталот „Пари“.
Меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка.
Најмногу фирми згаснале во Скопје 1.440 , потоа следат Битола со 263, Тетово со 248, Гостивар 198 и Куманово со 182, па Прилеп 174, Струга 154, Охрид 147, Струмица 133.
Tweet |