Петар Печков
Објавено: вторник, 25 март 2014
Во 2013 година во Велес регистрирани се 15 нови заболени од туберкулоза, од кои 10 се заболени со белодробна, а 5 со вонбелодробна туберкулоза од кои 10 се мажи, а 5 жени.
Нивната старосна група се движи од 10 до 75 години. Пневмофизиологот д-р Анета Ковачки од Диспензерот за белодробни заболувања и туберкулоза во Велес истакна дека се вложуваат напори да се намали бројката на заболени од туберкулоза.
Статистички гледано имаме намалување ако се земе во предвид споредбено 2012 година и 2013 година, бројката на заболени е помала за 32, изјави таа.
Д-р Ковачки информира дека и оваа година лекарите од велешкиот диспанзер Светскиот ден на борба за туберкулоза го реализираа во сорабтка со Општинската Организација на Црвен крст, а под мотото „Туберкулозата да се искорени до 2050 од нашите простори.
Таа потенцира дека основната цел и на сите надлежни институции во земјава преку конкретни активности пред се едукација на населението да ја искоренат болеста од просторите на Македонија.
Спроед неа, статистичките податоци на ниво на Македонија од година во година бележат намалување но сепак туберкулозата се уште ја има.
Во 2013 година регистрирани се 323 заболени од кои 291 се ново заболени, а останатите 32 се рецидиви односно кај нив туберкулозата по втор пат се појавила со тоа што 254 пациенти ја имале белодробната туберкулоза, а останатите 69 ја имале вонбелодробната туберкулоза.
Велешкиот диспанзер за белодробни болести и туберкулоза е регионален и во него се лечат пациенти од поширокиот регион и околните градови како Кавадарци, Неготино и другите од регионот.
Tweet |