речник контакт

Лани во Велешко родени 524 бебиња

Споредено со 2014-та има помалку родени бебиња. Во Градско новороденчиња 42, во Чашка 133

Петар Печков

Минатата 2015-та година, во општина  Велес родени се 524 бебиња. Од нив со место на  живеење во градот Велес се 420 и тоа родени  во велешката  болница 332, во  Скопје 81, во Битола 3, во Струмица 2 и едно во Тетово.  Едно велешанче се родило во Германија.   Во велешките  села  се родени  104 бебиња а од нив  3 во домашни услови.

 И  натаму се раѓаат повеќе машки отколку женски, или лани имало 226 машки и 196 женски бебиња во градот или во  Општината  281 машки  наспроти 243 женски.  Споредбено со 2014-тата  лани во велешко  имало помалку родени бебиња за 33, во градот таа бројка е поголема 41.

Во соседните општини состојбата е следна. Во општина Градско има 42 новороденчиња, од нив 17 се машки а  25 женски. Трендот на повеќе женски бебиња во  оваа општина продолжува како и претходната година, а таму има 3 повеќе родени отколку во 2014-та. Исто  толку бебиња, три се родени во домашни услови.

Во Општина Чашка има 133 родени бебиња, што е за 9 помалку отколку во 2014-та.    И тука има повеќе машки отколку женски новороденчиња и тоа во далеку поголем број,  82 наспроти 51. 

Според овие податоци во Општата  болница Велес во акушерското одделение во 2015-та  родени се 583 бебиња од територијата на велешко, заедно со општините Градско и Чашка.   Во истиот период, од 12 месеци во Општата Болница Велес родени  се 815 бебиња. Разликата од  232 бебиња родени во велешката болница се новороденчиња од Свети Николе, Лозово, Гевгелија, Неготино, Кавадарци.

. Податоците се  според евиденцијата на Одделението на детската превентивна  здравствена заштита  при ЈЗУ Здавствен дом Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »