Петар Печков
Објавено: петок, 22 февруари 2019
Минатата година во велешко биле регистрирани 724 заболени од заразни заболувања, тоа е далеку помалку отколку во 2017-та кога имало 1115 заболени. Или лани имало 391 случај помалку. Најмногу биле од грип 428 пациенти, па 392 од ентероколитис и 140 од варичела -овча сипаница
. Намалениот број заразни заболувања лани се должи на намалениот број заболени од варичела и на намалениот број на заболени од ентероколитис. Без грипот, капково заразни заболувања имало 235 случаи најбројна е варичелата со 140 пациенти, мононуклеозис инфектива со 83, осум со скарлатина и четворица со заразни заушки.
Кај 441 случај на цревни заразни заболувања најмногу со 392 е ентероколитисот. Во општината лани имало и девет случаи на шуга и од туберкулоза три лица. Од регистрираните ретки заразни заболувања во 2018-та во велешко имало еден заболен од менингитис, едно лице од СИДА, три од ехинокок.
Од Центарот за јавно здравје Велес велата дека состојбата со заразните заболувања лани во велешко, тука се и општините Чашка и Градско, била под контрола.
Од обработените податоци, епидемиолошката состојба на подрачјето на Општина Велес во 2018-та се оценува како контролирана, бидејќи сите заразни заболувања беа во очекуваните граници. Се изведуваа мерки на надзор, дезинфекција, дезинсекција, дератизација на теренот. Се вршеа епидемиолошки истражувања со цел откривање и спечување на заболени лица - пишува во извештајот на ЦЈЗ Велес.
Tweet |