речник контакт

Лани во велешко има негативен природен прираст, повеќе починати отколку родени бебиња

Природниот прираст е -0,55 %.

Петар Печков

Минатата година во и Велес и велешко има 267 жители помалку отколку година дена претходно.  Според податоците кои претходни ги објави ТрМр обезбедени од надлежните служби, во бројки тоа се 317  ново родени бебиња а починати 584 лица.  Или природниот прираст е  -0,55 %.  

Со последниот попис 2021 година Општина Велес имаше 48.463 жители а претходниот попис  во 2002 година  55.108.  Последните три децении има постојно опаѓање на бројот на жители во велешко.

Причината е што  има се помалку  новороденчиња, се повеќе починати, потоа иселувањето во странство, миграцијата во Скопје.

Во 2024 година состојбата беше низ  бројки 328 ново родени бебиња а починати 600 лица.  Или природниот прираст беше   -0,56%. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »