Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јануари 2020
Лани во велешко биле родени 600 бебиња, што е за 62 помалку отколку во 2018-та година (податоците се за општините Велес, Градско и Чашка). Од нив 323 се машки и 277 се женски. Во 2018-тата во велешко родени беа 662 бебиња, од тоа 297 машки и 365 девојчиња. За потсетување во 2017-тата имаше 724 новороденчиња, во 2016-та имало 512 новороденчиња, 2015-та се родиле 524, додека во 2014-та во велешко биле родени 557 бебиња.
Ова се податоците од ЈЗУ Здравствен дом Велес, служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца, каде децата се евидентираат по местото на живеење. Станува збор за деца родени по адреса на живеење, која се води во велешко. Податоците кои ги даваат од акушерско одделение од велешка болница се колку бебиња се родиле таму, без оглед од кое место доаѓаат.
Според местото на живеење лани во градот родени се 365 (397 во 2018-та) бебиња 207 машки и 158 женски, во селата 99 (73), во Општина Градско вкупно се родени 29 (35) а во Општина Чашка има родено 133 (131) бебе. За потсетување во 2017-та имало 435 родени во Велес, во селата 101, во Општина Градско 49 а во Општина Чашка 140. Во 2016-та во Велес се родени 405 бебиња, во селата 107, во Општина Градско имало 30 новороденчиња и во Општина Чашка 161. Во 2015-та во Велес имало 420 новороденчиња 102 во село, во Градско 42, во Чашка 131. И во 2014-та имало 461 родени бебиња во Велес, во селата 96, во Градско 39, во Чашка 142 родени бебиња.
Во Општина Чашка лани има еден случај на породување во домашни услови, исто како и во 2018-та.
Во ЈЗУ Општа Болница Велес, на акушерското одделение во 2019-та биле родени 473 новороденчиња, 2018-та биле родени 505 бебиња, што е далеку помалку отколку претходните години- во 2017-та биле родени 649 а во 2016-та 651. Ова е податок според место на раѓање. Во акушерското одделение на велешката Болница се породуваат жени и од Свети Николе, Лозово, Росоман и Неготино, Кавадарци.
при користењето на податоците и преземањето, задолжително да се посочи дека анализата е на порталот Тирековмирече
Tweet |