Петар Печков
Објавено: вторник, 13 февруари 2024
Од година во година расте бројот на новороденчиња од Велес кои се раѓаат во болниците од земјава а не во Општа Болница Велес. Во 2017 односот бил 20 отсто или едно од пет, со 535 бебиња, од нив родени на акушерско одделение од велешка болница биле 418.
Лани во 2023 дури 40 отсто од новороденчињата на родители со адреса на живеење во Велес се родиле на некоја друга клиника, не во велешка болница. Или во бројки тоа е 329 новороденчиња, од нив 192 родени во Велес.
Остатокот се родил, најмногу на некоја клиника во Скопје 116, во Битола 9 бебиња и што е новина во Штип исто така 9 бебиња. Две бебиња се родиле во странство Швајцарија и Италија а нивните родители се вратиле да живеат во Велес.
Процентот на бебиња кои се родиле во некоја болница, надвор од Велес, од година во расте, па така од 20 отсто, пораснал на 25, па на 31% во 2021 година, за лани да стигне до 40 отсто.
Засега нема истражување што е причината за ваквата појава. Дел од ова лежи и во можноста на младите мајки кои користат приватни осигурувања, што им овозможува породување во приватни болници.
На акушерското одделение од Општа болница Велес во 2023 имало 300 породувања, што е за 83 помалку отколку во 2022.
однос на вкупно новородени бебиња во велешко/ родени во болница Велес
2017 535 / 418 20%
2018 496/340 31%
2019 438/238 31%
2020 384/ 270 30%
2021 416/288 31%
2022 388/ 266 31%
2023 329/192 42%
Tweet |