Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 август 2021
Ако за цела ланска година, 2020-та во велешко имало две самоубиства, за шест месеци од годинава регистрирани се шест и едно во обид.
Ова се бројките до кои дојде ТрМр добиени од СВР Велес и од ОЈО Велес.
Одговорот за драстичниот раст на самоубиствата во велешко треба да го дадат стручните лица, доктори, социолози, но од тоа што е познато е дека две лица живееле сами и биле во возрасната група граѓани, две бил млади лица а две тела не се идентификувани, едното пронајдено во Вардар во Велес и лице кое скокнало од зградата кај Хигиенски.
Првата половина од годинава има и еден случај на самоубиство во обид, а момчето било спасено.
Tweet |