речник контакт

Лани полицијата поднела две прекршочни пријави за фрлање на отпад на нелегална локација

Минатата година за прв пат по долги години откриен сторител на нелегален огномет а 44 лица не поседувале лична карта во моментот на контрола од полицијата

Петар Печков

Со Законот за јавна чистота во одредени дел надлежност е на полицијата и таа лани вршела контрола на неколку локации, патот кон езеро Младост, патот кон стрелиште, патот кон Раштани, теренот над населба Керамидна и бреговите на реките Вардар, Бабуна и Тополка. При тоа биле констатирани два прекршоци и за нив се поднсесени прекршочни постапки пред Основен суд Велес. 

Во 2025 година биле констатирани 44 прекршоци на не носење,  не поседување на лична карта, и поднесена во сите случаи прекршочна пријава. Во истиот период, лани, полицијата констатирила осум прекршоци на пушење на место каде е забрането а против тие лица е поведена прекршочна постапка.  

Забележливо е пто минатата година после подлог период има  пријава за нелегален огномет и тоа една. Години наназад немаше таков случај, со образложение дека додека полицијата отиде на местото од огнометот, сторителите ги нема. Патем секој огномет треба да биде пријавен во полиција  24 часа  претходно. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »