речник контакт

Лани археолошкиот локалитет ,,Стоби,, го посетиле 15,5 илјади гости

Побројни се странските гости а најмногу од нив доаѓаат од Чешка, Полска, Србија.Има и многу ексурзијанти од основните и средни училишта од земјава

Петар Печков

Археолошкиот локалитет ,,Стоби,, измината 2015-та година бил посетен од  15,5 илјади  посетители, што е повеќе отколку во 2014-тата.  Нивната посетеност е пола странци, пола домашни, но за нијанса  повеќе ги имало странците.

Радува што голем број од учениците од земјава при  нивните задолжителни екскурзии  го посетуваат Стоби, објаснуваат од Националната Установа, која управува со локалитетот . 

Вообичаено посетата кај нас е во еден дел од годината,  од април до крајот на октомври.  Убаво е што имаме голем број на посети на  ученици  од основното и средно образование.  Потребна е време за презентација на  ,,Стоби,,. Таа инвестиција ќе се врати повеќекратно со малку трпение. Потребен е временски период од неколку години, нашата работа не е така брза  – изјави Силвана Блажевска директорка на НУ ,,Стоби,,.  

Гостите кои доаѓаат најчесто се туристи кои се наминување од или кон Грција. Од нив најбројни се гостите од Чешка, Полска, Србија. За нив најпривлечни се преубавите  мозаици  и фрески на  Епископска базилика и античкиот театар каде пред два века се изведувале гладијаторски борби но и мимички претстави и хорски изведби. Тој имал капацитет од три илјади публика.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »