Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јуни 2020
Минатата година во општината собрани биле 42 тони отпадно стакло, од нив 27 861 кг. од домаќинствата и 14.060 кг. од кафулињата и рестораните, информираа од локалната власт. За илустрација во 2018-та било собрано 21,7 т отпадно стакло додека во првата година на негово организирано собирање, 2017-а имало скромни три тони.
Им благодариме на граѓаните кои се повеќе го прифаќаат концептот за селекција на отпад од пакување, а воедно ги повикуваме да ги пронајдат и да ги користат садовите за отпадно стакло. Тоа може да се селектира и складира и во жолтите канти на домаќинствата, на кои такви им се доделени - изјави градоначалникот Аце Коцевски.
Причината што двојно е зголемено количеството на собрано отпадно стакло, е што лани двојно е зголемен бројот на отпадни садови каде тоа може да се фрла. Изминатата седмица, во градот се поставени нови 15, така што вкупната бројка на садови за прибирање на отпадно стакло во Велес е 45.
Лани имало осетно зголемување на собраните отпадни батерии, кога биле собрани 131 кг. за споредба во 2018-та биле 48кг а во 2017-та 40 кг.
Tweet |