Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 јануари 2014
Ракот на матката е често присутен кај женската популација и затоа е потребно негово рано откривање и дијагностицирање. Овој период се одржа и Европска седмица за превенција за рак на матка под мотото,,Знаете ли дека ракот на матката на грлото може да се спречи- направте пап тест кај Вашиот гинеколог,,.
Затоа од Центарот за Јавно здравје се одлучиле преку покани, до одреден број на женската популација во градот, да ја испитаат нивната здравствен состојба. Преку матичните гинеколози биле тестирани велешанки, не само од градот туку и од селата. Лани биле поканети 8.717 жени, прегледани биле 1.623 а биле откриени клеточни абнормалности 123.
Овој процент од 7,6 отсто од прегледаните жени не е сигнификантен дека е голем или мај број на жени кај кои има нешто откриено. Но можеме да кажеме дека проектот успешно заврши и се реализираше. Многу е важно, барем еднаш во годината да се направи скрининг, преглед за рак на матката. Ако се открие рано и се најдат вакви епителни неправилности, после може да се санира без проблеми, без опасно и позитивно да се заврши – изјави д-р Ефтим Димитриев специјалист по социјална медицина.
Овој преглед бил бесплатен и можат да го направат сите жени до 15 до 49 години возраст.
Tweet |