речник контакт

Лани 32 деца од велешко дошле во судир со Законот

Повеќето се прекршоци во сообраќајот, помалку се кривични дела

Петар Печков

Минатата година 32 деца од велешко дошле во судир со Законот, дел од нив се и повеќекратни   прекршители. Врз основа на известувањето во однос на поведени постапки од страна  на СВР Велес за 2017 година се  регистрирани   15 сторители на кривични дела -деца спрема  кои e покрената  кривична  постапка  и 14 сторители -прекршители на јавниот ред и мир -тепачки и караници,  спрема кои е покрената прекршочна постапка. Ова се бројките кои се запишани во годишниот извештај на Локалниот   совет за превенција од детско престапништво за Општина Велес.  

Врз основа на добиените податоци за 2017 година може да се констатира дека  бројот на деца кои дошле во судир со законот   се движи   со мало зголемување на   бројката  на  новите пријави.  Меѓутоа   од  деталната  анализа утврдено  е дека оваа бројка се зголемува со прекршоците од областа на сообракајот  и нарушување на јавен ред и мир, додека во областа на кривичните дела нема зголемување. Tоa  укажува дека во иднина треба да се делува на подигање на свеста за  почитување на  сообракајните правила  и ненасилно решавање  на конфликти и почитување на јавниот ред и мир - пишува во документот. 

Минатата година малолетниците не се сторители  на потешки кривични дела, како претходните години, убиство, тешки кражби, па поради тоа нема од страна на Основен суд во Велес изречени мерки малолетнички затвор ниту за ВП дом Тетово. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »