Петар Печков
Објавено: вторник, 29 април 2014
Основците покажуваат се помал интерес за лектирните изданија, задолжителната литература по мајчин јазик. Тие наместо да читаат делата ги гледаат на телевизија или интернет, така го совладуваат градивото. Причината е што можеби лектирите не се правилно распределени според возраста. Затоа е потребно и да се започне промена на насловите на лектирите и кај основните училишта но и кај средните.
Потешки литературни дела се користат кај помалите одделенија, додека полесни наслови и дела читаат повозрасната категорија ученици. Лектирите пред 15 години беа со подруга тематика а учениците имаа поголем интерес за нивно читање. Затоа е потребно да се измени самиот список на лектири, да се измени редоследот. Во погорните одделенија има литература за пониските и обратно. За ова е потребно да се земат практичари професори кои долги години работат со децата - вели Елена Гуновска професор по македонски јазик која 22 години им го пренесува знаењето по мајчиниот јазик на основците во ОУ Васил Главинов.
Кај осмо одделенците преметувам дека има опаѓање на интересот за читање на лектирата. Затоа ги повикавме родителите, имаше и предавање. Учениците покажуваат поголем интерес за историските книги отколку лектирата. Историјата повеќе ги заинтригира па се читаат дела за Александар Македонски, за Петар Делјан, за Цар Самоил. Очигледно сакаат да ги дознаат своите корени - додава Гуновска. За овие проблеми кај основците се зборувало и на родителската средба во ОУ Васил Главинов.
Tweet |