речник контакт

Лето е, внимавајте на огнот!

Надлежните потсетуваат дека почетниот пожар може да се изгасне со една чаша вода! Препораки како да не дојде до пожар.

Петар Печков

Во пресрет на летниот период кога има зголемени температури и зголемена опасност од настанување на шумски и други пожари на отворен простор,  надлежните апелираат на поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти за заштита од пожарите.

Како неопходни мерки за намалување на опасноста од настанување на шумски и други пожари на отворен простор, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица ги предупредува сите граѓани:

да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места;

да не се палат стрништа, меѓи, пасишта и други површини;

да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад;

да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал;

да не се фрлаат отпушоци;

да не се напушта огништето додека не се уверите дека огнот потполно е изгаснат;

отстранете ја запалливата вегетација покрај јавните сообраќајници;

не дозволувајте децата да си играат со запалки, пламен и жар;

доколку оцените дека пожарот е мал и безбедно можете да го гаснете, сторете го тоа со прирачни средства.

Во спротивно оддалечете се на безбедно растојание;

Да потсетиме дека почетниот пожар може да се изгасне со една чаша вода!

Со ова ја исполнувате вашата граѓанска должност и придонесувате кон заштита на шумите од пожари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »