речник контакт

Лидерот ФК Шкендија победнички во Велес, тренерот Михаилов се жали на судењето

ФК Борец 1919 -ФК Шкендија 0:2 (0:1)

Петар Печков

Стадион “Зоран Паунов“

Судија: Марјан Гоцевски (Струмица)
 
Стрелци: Ибрами од пенал  25`, Дориев 82`  за ФК Ш.

Картони: жолти Трајков, Десниќ (ФК Б), Зејнулаи, Кривак, Дита (ФК Ш).

ФК БОРЕЦ: Ѓоргиевски, Ф. Ристовски, Стоименовски  Стојчевски, Коцев , Прелчец, Силва, М. Ристовски, Ефтимов , Н. Ристески, Пеев   играа и Трајков, Чичевски, Радовиќ Десниќ

ФК ШКЕНДИЈА: Захов, Павич, Бејтулаи, Ибраими , Тотре , Елези , Дориев, Мурати, Зејнулаи, Дита, Кривак  играа и  Ес Сахал,  Алими, Нафиу , Незири
 
Лидерот на табелата ги искористи шансите и постигна два гола, со кои забележа победа на Градски во Велес. И домашните фудбалери на ФК Борец имаа шанси, но не беа прецизни. Останува да жалат што не забележаа позитивен резултат. Така во 65-тата минута  Марјан Ристовски, по идеално нафрлената топка од Прелчец,  сам од местото каде се изведува ударот до 11 метри, се посрамоти и промаши  „зицер“ . Како ќе се одвиваше натаму натпреварот ако ова идеална шанса се реализираше, може само да се претпоставува. 

Стрелци за гостите беа Ибрами од пенал во   25 мин. и  Дориев во финишот во  82 минута.

По ова 15-то коло, ФКЈ Борец останува на 22 бода а во следното коло, повторно се игра прекуредно, в среда, гостува во Струмица на ФК Академија Пандев, која е претпоследна со 10 бода.

Тренерот на ФК Борец Горазд Михаилов причина за поразот го глода во судиските одлуки на Гоцески од Струмица.

Мислам дека незаслужено загубивме. Судиските одлуки на Марјан Гоцевски беа крајно дискутабилни што покажуваат и тв снимките. Конкретно, мислам на играњето со рака на Павиќ каде има очигледен пенал за нас, спорниот гол на Прелчец за кој треба дополнително да се „скенира“ што се вели, дали е недозволена позиција, и конечно голот на Дориев, кој е во очигледен пасивен офсајд на почетокот на акцијата. Ова се три ситуации кои директно влијаат на крајниот исход на мечот – изјави Михаилов по завршувањето на  мечот со Шкендија,

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »