Петар Печков
Објавено: вторник, 29 октомври 2019
Викендов се одигра и седмото коло на Прваа фудбалска лига жени. ЖФК Борец беше домаќин на ЖФК Топ гол од Битола, и загуби со 1:5. Иако битолчанки досега собраа само 4 бода, очигледно имале лош распоред и играле со далеку подобри од себе, па на натпреварот во Велес, немаа проблем да го совладаат домаќинот, кој досега собра 7 бода. По ова коло велешанки се десетти со 7 бода. Во следното коло ЖФК Борец гостува кај лидерот ЖФК Деспина до Прилеп.
Заврши првиот дел од Првата пингпонгарска лига. Екипата на Борец ТИМ е петта од осум екипи со 10 бода или три победи. Од нив двете се остварени во последните две кола, кога се совладани Пошта 2 со 4:1 и Дебар маало со 4:2.
Се одигра деветтото коло од Третата фудбалска лига Центар, каде изненадување е високиот пораз на лидерот ФК Превалец во прилепско Црнилиште од ФК Ново Црнилиште со 6:1, која беше шеста со 12 бода. Иако превалчани воделе на полувремето со 0:1 во вторите 45 минути примиле дури шест гола. На официјалната ФБ страница на клубот запишано е,, Катастрофално лошо второ полувреме. Одигравме под секое ниво,,.Со овој пораз ФК Превалец се симна од врвот, таму е ФК Росоман. ФК Илинден во Башино село одигра нерешено 2:2 со ФК Братство од прилепско Житоше, соседот на табелата со ист број бодови, сега имаат по 10 а башиноселци се десетти. ФК Локомотива до Градско гостуваше во кавадаречка Марена, каде од истоимената екипа, која беше десетта загуби со 4:0. По ова коло ФК Локомотива останува фенерџија со пет бодови.
Во следното десетто коло ФК Превалец го пречекува ФК Младост 1930 од Кривогаштани кој е четврти со 17 бода, во Градско ФК Локомотива игра со ФК Динамо од прилепско Мажучиште кој е 11-ти со осум бода а ФК Илинден гостува во прилепско Големо Коњари на истоимениот тим, кој е 12-ти на табелата со 6 бода.
Tweet |