Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 август 2018
После месеци и половина градежни работи, од викендот Ликовниот салон е повторно во функција. Тука ќе се извршуваат и венчавките на брачните парови.
Од почетокот на јули овој простор беше под градежни зафати. Се менуваа водоводната и електричната инсталација, се уредуваа подот и ѕидовите и се изведоа молерско фарбарски работи.
За оваа намена Општина Велес издвои 258илјади денари, од кои 165 илјади беа за градежните активности и 93 илјади за електричната инсталација.
Во овој период браковите се склопуваа во фоајето на Библиотеката. Од денес, понеделник, ќе биде поставена и ликовна изложба, на материјали сопственост на Народниот музеј од Велес.
Наскоро откако ќе заврши тендерската постапка ќе бидат поставени и нови ер кондишн.
Tweet |