Петар Печков
Објавено: вторник, 10 јули 2018
Десетина дена Ликовниот салон во градот се реконструира. Во овој период, се додека не завршат градежните работи венчавките во Велес се одржуваат во просториите на градската библиотека.
Има големи оштетувања на плочките од подот, испукани ѕидови. Во тек се работите за подобрување на електриката, водополагачки и фарбарско -молеро работи. Поради ова склучувањето на работите е во библиотеката. Штом заврши реконструкција таму повторно ќе се склучуваат бракови - изјави градоначалникот Коцевски.
Поради овие зафати нема ниту редовна активност ликовни изложби во овој простор. Договорените се одложени за на есен.
Tweet |