Петар Печков
Објавено: четврток, 09 февруари 2023
Линдан има и во водите на реката Вардар пред Велес, покажале истражувањата на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ oобјави агенцијата МЕТА.
Според испитувањата, направени со повеќе бушотини и земените проби за потребите на Студијата која се правелa пред да започне чистењето на малата депонија во кругот на ОХИС, се докажало присуството на ХЦХ и други хемикалии во подземните води кои дренираат во Вардар.
Како резултат на тоа, вели Стафилов, присуство на линдан е откриено и во реката Вардар пред Велес.
Влијанието на линданот и неговите изомери врз животната средина и здравјето на луѓето е огромно.
Линданот од Меѓународната асоцијација за истражување на канцер е класифициран во група 1 канцерогени супстанци со доволно докази дека предизвикува не-Хочкин лимфом.
Tweet |