речник контакт

Лицата кои се вратија од странство, почнаа да го напуштаат хотел Монтенегро, откако две седмици беа во државен карантин

Досега ниту кај еден од 70-те лица нема знаци дека имаат ковид-19 а 24 часовно беа под здравствена контрола

Петар Печков

Од вчера лицата кои беа во 15 дневен карантин во велешкиот хотел „Монтенегро„ започнаа да го напуштат.  Вчера замина првата рупа од 42 лица, сите повратници од Малта, денес заминуваат 17 лица, повратници од Хрватска, Србија, Италија, Швајцарија, Германија, Бугарија.

Во текот на викендот ќе заминат и останатите десетмина, кои во овој објект беа во карантин а по нивното враќање од странство, кое го овозможи МНР.  За нивната здравствена состојба се грижеа доктори од ЈЗУ  Здравствен дом Велес и ЈЗУ Општа Болница Велес, кои наизменично дежураа по 24 часа во објектот.

Досега ниту еден од 70-тината лица во карантин во хотелот „Монтенегро„ не покажал знаци на присуство на ковид-19. Нив секојдневно им се вршени  здравствени прегледи од страна дежурна екипа  од доктор и медицинска техничар. 

Дел по дел, лицата како доаѓаа така заминуваат. Тие се наоѓаа под континуиран  државен карантин. Продолжуваме со медицинско обезбедување  на овие лица согласно насоките на Министерството за здравство - изјави д-р Страхил Тодоров портпарол на ЈЗУ Здравствен дом Велес.   

Објектот беше обезбедуван од АРМ и МВР и за изминатите две седмици не е регистриран никаков инцидент. Согласно насоките на Министерството за здравство овие лица го напуштаат хотелот во периодот после 16 ч. во времето на полициски час, кога заминуваат со полициска придружба.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »