Петар Печков
Објавено: вторник, 20 октомври 2020
Царината објави дека на подрачјето на СВР Велес деновиве, полицијата открила лице кое дистрибуира поголемо количество ракија и мастика, која била од домашно производство а за тоа немал соодветна документација.
При контрола на македонско патничко комбе управувано од македонски државјанин, од страна на полициски службеници од СВР Велес откриени се 480 литри домашна лозова ракија и 40 литри домашна мастика. Пронајдената ракија била предадена на мобилните царински тимови за понатамошна постапка. Поради тоа што лицето не е регистрирано како земјоделец -мал производител на алкохолни пијалаци, ракијата е привремено задржана - информираа од Македонката царина.
Против сопственикот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка. Случајот е регистриран на подрачјето на ПС Неготино.
Tweet |