Петар Печков
Објавено: четврток, 16 април 2020
Градоначалникот на Општина Велес ја потврди информацијата која не беше официјална, дека лице вработено од СВР Велес, кое учестуваше во увидот по смртта на мајката и синот е позитивно на КОВИД-19.
Увидот на местото на настанот, во домот на семејството Маноилови кои беа пронајдени мртви дома се случи, пред десет дена, на 6-ти април. При обдукцијата кај починатата Катица беше пронајден корона вирусот.
Инфициран е припадник на МВР, од екипата на крим техника, кој бил на увид на земање примероци во станот каде починаа мајката и синот. Уште не е епидемиолошки докажано како е заразено ова лице, оти тој било во меѓувреме и на други интервенции на терен, имал бројни контакти поради позицијата каде е вработен. Се истражува како е инфициран. Ова го кажувам за да нема злоупотреби дека е инфициран од станот, од жената, можеби ќе се докаже дека е по друг основ – кажа градоначалникот Коцевски, на вчерашната прес конференција.
Tweet |