речник контакт

Лишена од слобода група на италијански ловџии со нелегален улов

Кај друг италијански ловџија пронајдени повеќе од 200 ловечки патрони без соодветна документација

Петар Печков

Велешката полиција информира дека била откриена група на италијански ловџии која имала застрелано животни кои не смеела да ги лови. Кај трето лице пронашла ловечки патрони за кои не поседувал соодвтена документација. Деталите од соопштението на СВР Велес.

„На 2 спетември  во 11:20 часот на автопатот Велес – Градско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишија од слобода Л.Б.(60 год) од Италија, со привремен престој во Велес. При преглед на патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 207 ловечки патрони за кои не поседувал соодветна документација“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес. 

Против Л.Б. полицијата најавува дека ќе  поднесе пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. 

„Подоцна во текот на денот , во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода и Т.Р.(58 год), З.Д.(72год) и А.А.(74 год), сите од Италија и М.И.(62 год) од Скопје. При претрес во објектот во кој престојувале италијанските државјани во Велес, извршен со наредба од Основен суд Велес, каде бил затекнат и М.И., кој бил домар, биле пронајдени и одземени ловечко оружје, ловечки патрони, поголема количина улов, пари, документација и други предмети“ – додава Ѓеоргиева Милевска.  

Известен бил претставник од ловечко друштво „Руен“ од Велес, при што било констатирано дека одземениот улов потекнува од кривично дело „Незаконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик.  Л.Б., Т.Р. и М.И. биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ловџиите од Италија, Шпанија и Грција со години се  меѓу странските туристи кои имаат најголем  повеќедневен престој во Велес. 

фото интернет

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »