Петар Печков
Објавено: четврток, 15 август 2024
Во текот на вчерашниот ден, среда, локализиран е големиот пожар кој зафати мешана шума, на планината Јакупица, помеѓу селата Ореше и Папрадиште, информираа од Центарот за управуавње со кризи. Тој беше активен неколку дена, откако претходно беше изгаснат, па се активираше, за вчера да биде повторно згаснат.
На 14 август во 13:17 примена е дојава за запалена сува трева под село Грнчиште. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно против пожарно возило и четворица пожарникари спасители по пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза и поради ветерот истиот беше опасност за боровата шума која е во непосредна близина од лице место е побарано помош со уште едно пп возило и тројца пожарникари спасители. Со брзата интервенција пожарот е ставен под контрола и целосно изгаснат- соопштија од ТППЕ Велес.
Во Општина Чашка, на планината Мукос, кон село Дреновци, Општина Прилеп гори мешана шума, за која од ЦУК велат дека огнот е под контрола.
Tweet |