Петар Печков
Објавено: четврток, 12 ноември 2020
По долниот тек на реката Бабуна никна дива населба, се повеќе се гради, се узурпира државно земјиште, на кое има дивоградби., кои имаат струја а немаат вода и канализација. Состојба се радикализираше по изградбата на асфалтираниот пат до локалитетот Пешти.
Посетата на локалитетот покажува дека секојдневно таму има нови темели, нови узурпирања. Граѓаните се лути, што некои сограѓани си присвојуваат простор за кои немаат ниту документ, ниту право да го користат. Револтот се искажува по социјалните мрежи, откако и невалидниот сектор молчи за ваквата состојба.
Ни се случува класична узурпација на општествена, државна површина, пред која сите надлежни институции се неми. Зошто се толерира ваквото донесување, кое е без никаква правна издржаност а локалната власт со години молчи. Бројот на дивоградби расте, се констатира дека се тоа е дивоградба а Општината не презема ништо. Просторот се узурпира по проверен рецепт. Прво, се оградува парче земја, каде што се засадуваат земјоделски или градинарски производи, или се поставуваат кошници со пчели, потоа се гради дрвена куќарка, која потоа прераснува во дивоградба - велат посетителите на овој предел.
Во отсуство на реакција од локалната власт, неодамна беше регистриран случај, кога една заградена парцела, беше разрушена и искршена ново поставената ограда. Со оценките на граѓаните се согласува и градоначалникот Аце Коцевски. Најавува дека имала распиш конкурс за градежен инспектор и инспекцијата ќе се засилела за почеста контрола, оти има сега има само еден.
Состојбата во долниот тек на река Бабуна е дефинитивно излезена од контрола. За жал системот нема решение за проблемот. Укината е одредбата со која пределот беше прогласен за карактеристичен пејзаж и не смееше таму да се гради. Со новиот Закон за легализација ќе треба да ги легализираме сите објекти таму. Се обидувам да убедам, дека крајбрежниот појас покрај реката Бабуна, во широчина од 50 метри, треба да биде достапен за спорт и рекреација за сите граѓани. Тоа што досега немаме легализирано ниту еден објект, не значи дека ќе можеме така да постапуваме и во иднина - рече градоначалникот Коцевски, на прашањето за состојбата со дивоградбите во викенд населбата.
Tweet |