Петар Печков
Објавено: петок, 11 јануари 2013
На 24 март годинава ќе се одржат локалните избори во земјава. Ова е датумот што го соопшти собранискиот спикер Трајко Вељаноски. Со тоа останува предвидената агенда за распишување на изборите и покрај политичката ситуација што настана со напуштањето на парламентот и најавата за бојкот на изборите од страна на СДСМ.
Законските одредби предвидуваат локалните избори да се одржат во втората половина на месец март, а во законскиот рок од 70 до 90 дена на располагање биле два термини, првиот е 24 март, а вториот 31 март, но бидејќи на 31 март е голем верски празник Велигден за граѓаните од католичка вероисповед спикерот одлучил локалните избори да ги закаже на 24 март.
Засега на дваипол месеци пред настанот извесен е само датумот. Другото е непознато. СДСМ најавува бојкот на локалните избори, владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште нема кандидат за градоначалник а , а општинската изборна комисија без претседател, заменик и секретар откако по укажувањата од септември ДИК не ги именувала новите први луѓе, откако досегашните како државни или јавни службеници, заминаа во пензија.
Tweet |