Петар Печков
Објавено: вторник, 12 март 2019
Започна и пролетниот дел од Третата фудбалска лига Централен регион.
Во локалното дерби во Превалец, ФК Тополка - ФК Превалец 0:2 (0:0) Гостите кои се лидер на првенството победија со головите на Јовев во 61-ва и на Илиевски во судиското продолжување 92 минута. Иако последен на табелата домаќинот не се предаде лесно, па постариот клуб имаше сериозна задача за да стигне до трите бодови. Сега ФК Превалец е сам на првото место со 31 бод, откако ФК Питу Гули со кој имаа ист број бодови загуби дома во Крушево од шесто пласираната екипа на ФК Росоман со 1:3 (0:2). ФК Тополка останува последна со пет бодови.
ФК Бабуна, како трето пласиран тим на таблата загуби и во прилепско Крушеане од Напредок со 4:2 (3:1) кој досега имаше само една победа и седум бодови. ФК Бабуна останата трета со 21 бод.
Во следното 13-то коло играат: ФК Бабуна против ФК Младост 1930 од Кривогаштани кој е претпоследен со 9 бода, ФК Тополка му гостува на ФК Питу Гули во Крушево и ФК Превалец гостува на ФК Братство 07во прилепско Големо Коњари, кој е седми со 17 бода.
Tweet |