Петар Печков
Објавено: петок, 14 јуни 2013
Околу пладне во центарот на градот, спроти комплексот Чешелот пламна оган од стан на улица 8-ми септември. Со брза интервенција огнот е згаснат и причинета помала материјална штета. Пожарот е регистриран во 11,30 а локализиран во 12,10 часот.
Поради лошата електрична инсталација од фрижидерот, дојдено е до запалување на дел од станот. Во гаснењето учествуваа шест пожарникари и две возила. Опожарен е помал дел од станот, кујната. Ова е за жал уште еден пример дека лошата инсталација во домовите, може да биде причина за оган –изјави Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ од Велес.
Тие веднаш и на останатите станари од зградата им поделиле флаери, како да се чуваат становите од огнот. По станбените згради се делат околу пет илјади флаери, едукативен материјал за заштита од пожар во домашни услови.
Tweet |