Петар Печков
Објавено: петок, 19 април 2024
Министерството за образование го распиша изменетиот конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2024/2025 година, за Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес. Наспроти реакцијата и барањето од Советот да се почитува ставот на локалната власт, МОН не ги послуша.
Иако Општина Велес како основач на Гимназијата бара 4 паралелки на македонски, една билингвална и една на албански, Министерството распиша конкурс за три на македонски јазик, една билингвална и две на албански јази.
По ова следеше реакција на Советот на Општина Велес, па МОН распиша изменет конкурс. Со него во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки -136 ученици во 4 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик и една македонско - англиска билингвална паралелка со 34 ученици.
Tweet |