речник контакт

Мажот, жената и детето родени во ист ден

Мажот, жената и нивното прво дете имааат заеднички роденден.

Аница Солева

Мажот, жената и нивното прво дете имааат заеднички роденден. Евелин Албалат се запознала со Тони Осман пред неколку години, преку нејзината братучетка која знаела дека и двајцата се родени на 21 Мај. Тие се венчале по 2 години. Истиот случај е и со нивното дете. Контракциите започнале на 20 Мај во 22 часот. „Цело време гледав во часовникот и сакав да се породам пред полноќ“, вели Евелин. Но, таа се породила по 12 часа. Го родила Дени Осман на 21 Мај, на денот на нивните родендени. „Не планиравме да излезе така, едноставно се случи“, вели Евелин. „Бевме шокирани“, додава Осман. Шансите да се случи поклопување на роденденот на три члена од исто семејство се 0.000751 проценти, вели Пол Марфи (математичар и академик). Тие ќе ги прославуваат нивните родендени со една голема торта и голема прослава. „Планираме да имаме и друго дете, па ќе видиме што ќе се случи“, вели Тони Осман.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »