Петар Печков
Објавено: четврток, 08 септември 2011
Со победата против Грузија, македонската репрезентација обезбеди пласман во четвртфиналето.
Во неизвесен финиш, иако Македонија водеше и со 12 поени предност, со кошот на Мекејлеб на 2 секунди пред крајот,совладана е селекцијата на Грузија.
Најмногу поени постинга Мекејлеб 27 а Антиќ имаше 7 скока.
Ова беше првата средба од првото коло во Ф групата, од каде првите четири одат во натамошната фаза. Со оваа победа Македонија стигна до три победи и е сигурен учесник меѓу 8-те најдобри кошаркарски селекции на Европа.
В сабота играме со Словенија во 17 часот и понеделник со Русија во 20 часот.
Tweet |