Петар Печков
Објавено: среда, 13 јули 2011
На брегот од велешкото езеро Младост за две седмици ќе се претстават шест национални кујни од исто толку држави а првата вечер, изминатиот викенд, гостите можеа да ја вкусат турската храна. Таа и македонската имаат многу сличности, што беше повод за посетителите обилната храна со задоволство да ја консумираат.
Македонската и турската храна имаат доста сличности, доста слични зачини, користиме ист зеленчук, јадете многу салати како и ние. И вие како и нас уживате во храната, старите благата се топени, што го правиме и ние во Турција – вели Јелчин Манаф претседател на турското здружение на готвачи, кое брои околу две илјади готвачи а бил и заменик министер за туризам на Турција .
Гостите на вечерта можеа да вкусат тринаесет видови јадења, чобан салата, три вида благо, главно мени беше јагнешко со пилав, и пржен пинџур. Се беше подготвено во ресторанот од хотелот, единствено од Истанбул беше донесено благото кадаиф, баклава и топена раванија. Познатите турли тава, полнети пиперки, елбасан тава, мусака, долма- полнети тиквиња, македонски јадења со турско потекло, главната ѕвезда на вечерта, готвачот од ,,Зафир,, ресторанот во Истанбул не ги препорача за доцните часови.
Ова се турски јадења кои се подготвуваат исклучиво за ручек, бидејќи се дневно мени, тие се консумираат со лажица, доста се течни. Со нив не може да се пие алкохол, оти тогаш луѓето се на работа и не смеат да пијат. Затоа навечер се јаде риба, скара, се што е пржено месо, со кои оди ракија – вели Ибрахим Челик педесет годишен шеф на кујна, кој се образувал во Франција а сега ги учи турските ученици.
Тој зад себе има 37 години успешна кулинарска кариера и ги пофали домаќините кои му подготвиле јунешко филе со сос од горгонзола, кое за волја на вистината не е македонски специјалитет, туку француски. Вториот гастрономски фестивал е можност за приближување на културите на земјите, преку храната.
Манифестација е со цел за развој на туризмот а храната е многу битна и влијателна за привлекувањето на гостите. На овој начин сакаме да ја промовираме нашата македонска храна, бидејќи гостите носат наш материјал, кој се претставува пред тамошната јавност. Нашите годинашни гости се наши пријатели , важни шефови на кујни кои имаат настапувано по светот, на натпревари и ревии, други пак се препорачани како видни и заслужни членови на оваа бранша. Дел од државите се повторуваат поради големиот лански интерес за нив, но со други кулинарски имиња – вели Руска Ајтова шеф на кујната на хотел Романтик.
Фестивалот нема натпреварувачки карактер а организаторот очекува дека наредните години ќе имаат повеќе гости.
Tweet |