Петар Печков
Објавено: среда, 29 ноември 2023
Македонскиот филм „Најголемата вистина“ во режија на Мартин Цветковски, добива продолжение кое премиера пред гледачите ќе има во Велес, во 3Д киноверзум и тоа утре вечер, четврток 30 ноември. Потоа премиерата е во Штип, на 1 декември во Штип (Киноверзум), на 2 декември во Св. Николе (Киноверзум) и на 15 декември во Скопје во Кино Милениум!
Во првиот дел, дознавме дека убиецот односно убијците се всушност самиот Максим Анчевски, и Ана Филиповска (Шефот на форензика) која всушност со сменето презиме (Анчевска) е сестра на Максим, и тоа бил нивниот маестрален план за одмазда затоа што како мало девојче – Ана била силувана од таткото на Горан Цветановски (колегата на Максим), а случајот го заташкуваат родителите на Фросина (адвокат), Драгана (судија) и Мартина(социјален работник) како носители на функции во процесот (Судија, Адвокат, и работник од Центар за Социјални работ- Скопје).
Но на крајот од филмот, иако помисливме дека целата вистина е откриена, останаа да лебдат во воздух уште повеќе прашања и мистерии особено во последната сцена кога Максим Анчевски иако призна дека е одговорен за убиствата заедно со сестра му Ана, во разговор со Марија Ѓоргиевска, тврди дека тој не е извршителот на убиствата и дека целата вистина сеуште не е откриена: –Кој е мозокот на целокупниот план? Кој е извршителот на убиствата ако не е Максим, бидејќи Ана физички не е доволно силна да ги изврши убиствата на жрвите? И најважното од се – каде е таткото на Максим и Ана ?
Улогите се на Мартин Цветковски, Ивана Наумова, Иван Левковски, Катерина Илиевска, Анета Цветановска, Ибрахим Сали, Фросина Стојановска, Ивана Цековска, Џелал Фера, Кенан Јусуфи и Тамара Најдановска. Продуцент режија и сценарио се на Мартин Цветковски.
Tweet |