речник контакт

Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ премиерно во Киноверзум Велес

Се прикажуваат и трилерот „Верити“ по книгата на Колин Хувер, комедијата „Дигер“ со Том Круз и „Срцето на ѕверот“ авантура со Бред Пит

Петар Печков

Во скратена работна недела, поради Питијадата, во Киноверзум Велес премиерно ќе биде прикажан македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“.  Кога конзервативната традиција на продажба на невестата станува решение за семеен финансиски проблем, Адела навлегува во сосема нов свет, каде што се наоѓа растргната меѓу традиционалните и модерните вредности. Ќе се прикаже вторник oд 17,30ч

Се прикажува и најгледаниот филм викендов во светот трилерот  „Верити“  работен според истоимениот роман на Колин Хупер. Ја раскажува приказната за популарната авторка Верити Крофорд (Ен Хатавеј) и писателката на почеток од својата кариера Лоуен Ешли (Дакота Џонсон), која се сели на зафрлениот имот на Крофорд, каде што треба да пишува во нејзино име. Откако Лоуен ги открива морничавите автобиографски белешки на Верити, таа се бори со вознемирувачките и изопачени признанија за мажот на Верити, Џереми (Џош Хартнет), и тешко ѝ е да ја оддели фикцијата од реалноста.

На репертоарот е и  комедијата „Дигер“ со Том Круз. Најмоќниот човек во светот тргнува во очајна мисија за да докаже дека е спасителот на човештвото, пред катастрофата што самиот ја предизвикал да уништи сè. Ce прикажува вечeрва, четврток. 

Американскиот филм „Срцето на ѕверот“, авантура со Бред Пит. По страшна авионска несреќа, офицер на специјалните сили и неговото куче остануваат заглавени длабоко во дивината на Алјаска. Заедно, тие се принудени да водат сурова борба за опстанок против немилосрдната природа. Филм за пријателството, иако ова е мал збор, помеѓу човекот и кучето. 

За потсетување сабота во Кинoверзум Велес се прикажуваат два кинески филма, дел од настанот Недела на Кинескиот филм во Македонија.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »