Петар Печков
Објавено: четврток, 11 август 2022
Македонските кајакари на Европското првенство за младинци слалом, во јуниорска конкуренција го освоија петтото место, меѓу 15-те држави учеснички. Тие попладневно веслаа во дисциплината 3хК-1 во состав Петрушев, Рибарски и Игнатов, сите тројца велешани. Европски јуниорски прваци станаа Словенците, пред Германците и Италијаните.
Претпладнево Ангелче Петрушев одлично веслаше во квалификациите на Европското првенство во кајак на диви води , слалом за јуниори. Тој во дисциплината К-1 уште по првата трака се пласираше во полуфиналето, со четврто постигнато време. Во првата трка веслаа 51 учесник.
Во квалификациите настапија уште двајца македонски репрезентативци, велешаните Стефан Рибарски и Коце Игнатов. Во првата трка Стефан Рибарски беше 23-ти а во втората беше 13-ти. Додека Коце Игнатов во првата трка беше 42 а во втората беше 18-ти . Во оваа трка учествуваа 31 натпреварувач.
На Европското првенство веслаше и единствената девојка, македонска репрезентативка кај јуниорите. Олгица Мелова од Демир Капија. Во првата трка од 34 учеснички таа беше 28 а во втора трка беше 18-та од 20 учеснички..
Европското првенство за јуниори и У23 се одржува во Чешка на патеката Чешке Будијовице. Петрушев полуфинале ќе весла в сабота претпладне а неговиот настап според саатницата е во 10,34ч. Од 30 учесници, 10 се пласираат во финале.
фото ЕП Чешке Будијовице
Tweet |