речник контакт

Македонски железници –Транспорт и незадоволните велешки патници постигнаа договор

Се враќаат полумесечните билети, месечните во еден правец и најважно се враќа патничкиот воз со повеќе патнички вагони во утринските часови

Петар Печков

Од понеделник до петок ќе има патнички воз со повеќе вагони, наместо т.н. моторен воз ,,шпанец,, се враќаат полумесечните и месечните билети во еден правец до Скопје. Ова е договорено помеѓу раководството на ЈП МЖ Транспорт и незадоволните  велешките патници ,кои денес попладне се сретнаа и во заеднички интерес постигнале решение по поднесените барања. 

Средбата со директорката на патнички сообраќај Наташа Дионисева и десетчлената делегација на велешки патници, доаѓа по вчерашниот трииполчасовен прекин на железничкиот собораќај, кога шест утрински воза беа сопрени на железничката станица во Велес а илјада патници повеќе часови чекаа на средба со  претставниците на МЖ.

На денешната средба постигната е согласност веднаш да се реагира со зголемување на капацитетите и со тоа да се избегнат гужвите во велешката  железничка станица, која е најфрекфентна по бројот на патници во Македонија со повеќе од илјада патници на ден.

Како што соопштуваат од Раководството на МЖ Транспорт АД – Скопје,на средбата се разговарало во иднина секогаш кога ќе настанат проблеми, заеднички да се разговара за нивно надминување со цел да се задоволат потребите на патниците и да се избегнуваат  ваквите блокади и непријатни ситуации.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »