Петар Печков
Објавено: петок, 05 декември 2014
Мала помош за голема среќа, под ова мото во ОУ Блаже Конески се одржа третиот саем за храна, подготвена од родителите на децата ученици
Повод беше ,3 ти декември , Светскиот ден на лица со посебни потреби а ООУ ,,Блаже Конески” и оваа година го одбележи овој ден со хуманитарна акција
Во годинашнава акција беа вклучени два проекти и тоа ,,Меѓуетничка интеграција “ и проектот ,,Заедничка грижа за прaвилно насочување на учениците”.
Освен родителите, наствниците имаше понуди и од пекарите и слаткарите од Велес , здружение на жени на Турци , Власи и Бошњаци со нивната традиционална кујна на солени и слатки производи. Собрантеи средства се наменети за Здружението на слепи и лица со оштетен вид.
Tweet |