речник контакт

Мала утринска паника

Живеете заедно и прекрасно е! Навистина не ви е јасно зошто паровите се караат и зошто толку многу бракови се распаѓаат? Е, можеби едно утро будењето за на работа ќе ви изгледа вака...

Зоран Николов

[b]ТАА [/b] Се буди во 6 и пол со врескање дека можеби задоцнила. Трча надвор од собата, пали цигара и е нервозна бидејќи е понеделник наутро па мора да е нервозна за да може да каже во канцеларија дека е нервозна. Ги отвара сите прозорци за да види дали да ги облече кондурите за дожд или не, додека со сета таа бука се обидува да го разбуди кучето кое не покажува желба за станување. Во бањата вклучува фен, тоа за виткање коса, тоа за рамнење коса, депилатор и уште 3 други апарати за кои просечниот маж не ги знае имињата. Пали уште 3 цигари, зависно од тоа колку простории има во станот, додека во бањата тој број на цигари се множи со стадиумот на нервозата. Вари кафе и го расипува греачот за вода. Си ја потпалува веѓата додека пали цигара на плинот под ѓезвето а капка врело кафе паѓа на цигарата и си го подгорува носот. Влегува во бањата си го гледа кршот на нејзината глава во огледалото и почнува да плаче, но се одлучува да тргне во битка. Туширање и пцуење што кретенот не го поправил бојлерот. Уште и гаќи и чорапи покрај корпата за алишта. . . Не е задоволна од прамените од саботата па уништува четки, чешели, витлери, фенот со додатоци и ја удира машината за алишта за да почне да работи. Мачкање со разни креми. ТВ прогноза - ако врне, треба да стави водоотпорна шминка. Паѓа пепел на нејзината најомилена маичка, безуспешно бара хулахопки кои немаат дупка на видливо место, се сопнува од неговата долна облека на подот. Прелиминарно шминкање комбинирано со средување веѓи и лакирање нокти. Подготвена е, а само е 7 и 45. Почнува да врне, па мора да смени кондури а со тоа и целата облека. Треба да ја смени маскарата и трча кон бањата за да види дека ТОЈ влегол внатре... ААААААААААААААААААААА!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Бега во кујната и поставува три огледалца за да добие тродимензионална слика на нејзината убавина. Успева да ги смени обетките и да стави друг кармин кој повеќе одговара. Во 8 и 10 е нервозна и излегува. . . [b]ТОЈ [/b] Во 6 и 30 го буди овца што вреска заедно со уште 4 будилници иако има уште саат време до нормално станување. Гледа кон часовникот со полуотворени очи и продолжува да спие. Се обидува, без станување, со прстите на ногата да ја соблече чорапата од другата нога. Успева. Во 7 и 30 ѕвони часовникот. Време е за чешање јајца и протегнување. Раката со која ги чеша јајцата не смрди толку аларнамтно што значи дека не мора да се тушира и тоа му дава бонус од 3 минути лежење во кревет. Прди толку силно што ќе му излета окото а на цвеќето во собата му паѓаат листовите. Ја става главата под ќебето и се воодушевува на својата смрдеа. Ја вика за да го сподели мирисот со неа, ама жени како жени - што знаат тие што е добро. Ја пробува старата источна филозофија =Ако ти го види дигнат, може ќе сака=. Така кон неа гледаат 3 очи но без успех. Тој си ги облекува гаќите. Влегува во бањата и става паста за заби на четката. Во исто време мие заби и моча по шољата, по ѕидот, по машината за перење, малку од ерекцијата, малку од тоа што му паѓа четката. Пената ја плука во шољата за да го слушне она =БЉУП=. Се смее. Го брише помочаното ( тоа што се гледа ). Си го мие лицето и си мириса под мишки. Се гледа во огледало, се насмевнува и намигнува. Утре ќе се бричи, денеска е ладно. Се враќа во собата и ги фрла алиштата од столица на кревет и си ги бара чорапите под истиот. Му текнува дека испраните чорапи се крути, нееластични и неудобни. Влегува во кујната и прднува тивко, од инает, и пие кафе. Во 7 и 45 е подготвен за излегување. Во 7 и 46 излегува од зградата и му текнува дека од кафето ужасно му се присрало. Трча горе. Сере. Задоцнува. . .

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »