речник контакт

Малолетник во Бузалково предизвикал сообраќајка со мотор и повредил тригодишно дете

Детето возач немало ниту возачка дозвола

Петар Печков

Средата попладне малолетник предизвикал со мотор сообраќајка во Бузалково а при тоа повредил тригодишнои дете. Немал ниту положено соодветен возачки испит.

„На  15 септември во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 17- годишен малолетник од село Бузалково, велешко. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека околу 16:40 часот во село Бузалково се случила сообраќајна несреќа во која мотоцикл „априлија“ без регистарски ознаки, управуван од малолетникот, удрил во тригодишно дете од Бузалково“ – соопшшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка на СВР Велес. 

Во несреќата со телесни повреди се здобило детето, констатирани во Општа болница Велес. По  преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека 17-годишникот го управувал мотоциклот без положен возачки испит.. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, мотоциклот бил одземен и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »